Морничави претчувства: 5 приказни за судбинска смрт


Сите луѓе имаат претчувства, но клучното прашање кое се наметнува е дали се тие резултат на 6-то сетило, виши сили или пак стравот т.е. одбивноста кон нешто.

Додека поголемиот дел од претчувствата се гола вода, некои од нив се страшни предвидувања кои испаднале точни.

Ова се 5-те морничави приказни за претчувствата и смртта:dijana dodi

1. Остварување на ноќните мори

Американкната Кети Лавтон неколку недели имала застрашувачки кошмари, токму пред планираниот пат со мажот во Кина и Малезија. Како што полека се приближувал датумот, таа била толку исплашена што набавила 4 кукли за грижа – своевидна амајлија за заштита. Ќерките ѝ рекле дека е смешна и не придавале значење на мајчиното претчувство.

Кети била толку загрижена, што едната кукла ја зела со себе. Таа и нејзиниот маж се качиле на малезискиот лет MH370. По вестите за исчезнувањето на авионот, нивните ќерки отишле во родителскиот дом, но никогаш не го добиле конечното објаснување што се случило со нивните родители, освен тоа дека исчезнале. Во куќата ги пронашле преостанатите 3 кукли, а стравовите од нивната мајка тогаш добиле друго значење. Во спомен на нивната мајка, секоја ќерка зела по една кукла.
2. Знаел дека татко му ќе умре?

Во почетокот на 2009-та, израелската офанзива на Газа била во полн замав, а бомбите летале на сите страни, носејќи човечки животи. 6-годишниот Бараа Абд Рахман Бадави се разбудил на 7-ми јануари, а мајка му едвај го смирила по гласните експлозии на плач.

Откако се смирил тој ѝ раскажал на мајка си како сонувал дека татко му ќе умре. Детето продолжило да плаче, а еден час подоцна, заѕвонил телефонот и стигнала потврдата – неговиот татко починал заедно со неговиот вујко во еклозија. Од тој ден неутешното момче живее во страв грижејќи се за своите блиски.
3. Рекол дека светот ќе чуе за него

Мајк Браун е убиен на 8-ми август 2014-та година во трагичен инцидент кој го вознемири целиот свет. 18-годишниот младич е убиен по конфликт со полицаец во Фергусон, Мизури. Полициската верзија гласи дека момчето ги игнорирало повикувањата да застане, додека сведоците тврдат дека Мајк стоел во место со рацете во воздух. Судот ги ослободил полицајците, но случајот добил огромен публицитет. Потоа следеле бројни протести на основа на расна дискриминација.

Брауновата маќеа Кал верува дека тој уште пред да умре имал некое претчувство. Таа тврди дека Мајк со неа разговарал за Господ и смртта уште месец дена пред да умре. Исто така, тој имал чести соништа за крвави чаршафи обесени на жица за облека, а Кал мисли дека тоа била визија за неговата облека по пукањето. Освен тоа, Браун по матурирањето рекол нешто што по неколку месеци испаднало многу точно: „Целиот свет ќе го знае моето име.“
4. Приказната за принцезата Дијана

По смртта на обожуваната принцеза, јавноста била во очајничка потрага по виновникот – од папараци, до кралското семејство, Доди Ал Фајед, возачот, но никогаш ништо не е докажано. 6 години по нејзината смрт, некогашниот батлер Пол Бурел открил дека тој го има нејзиното писмо во кое таа зборува како ќе биде убиена. Наводно, во него пишувало како принцеезата мисли дека постојат луѓе кои ѝ посакуваат зло и дека тие ќе ја претстават нејзината смрт како автомобилска несреќа.

Наводно, мотивот за сето тоа било принцот Чарлс конечно да може да се ожени со жената што ја сака, Камила. Бурел тврдел дека Дијана дури и го именувала виновникот, но тој никогаш не го открил името што го пишувало во писмото. Иако голем број луѓе веруваат во ова, скептиците тврдат дека тој го фалсификувал писмото за да ја зголеми продажбата на книги кои ги напишал за саканата принцеза од Велс.
5. Баш и не сакал да оди

Неколку дена пред планираното патување до неговата баба на Бали, 11-годишниот Мигел Пандувината постојано разговарал со својата мајка за Бог и што се случува со душата откако ќе умреме. Пред тоа, момчето воопшто не го интересирале таквите теми и тоа ѝ паднало чудно на неговата мајка Самира – особено затоа што момчето наеднаш станало нервозно и несреќно.

Неговото расположение станувало сè полошо како што се приближувал летот, а ноќта пред патот мајката морала цело време да го држи во прегратки и да го смирува. Следниот ден Самира воздивнала затоа што Мигел бил поведар и дури се шегувал со неговиот постар брат.

Откако се простиле, Мигел пред да влезе во авионот се свртел и потрчал да ја прегрне неговата мајка за последен пат, ѝ рекол дека ќе ѝ недостига и ја прашал што би се случило ако авионот се сруши. Мајката максимално се потрудила да го смири и му рекла дека нема шанси да се случи такво нешто.

Испаднало дека тоа им било последната прегратка – 2 часа подоцна, мајката била известена дека авионот паднал. Самира цврсто верува дека Мигеловото претчувство било желба на судбината и жали што не го послушала синот, мислејќи дека така би можела некако да му го спаси животот.

Црнобело

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1