Вчера околу 10,20 часот на пругата Скопје-Гевгелија кај Демир Капија, вработен во Македонски железници кој управувал работна машина на 200 метри пред Железничката станица-Миравци, во каналот покрај патот забележал леш.
Увид на лице место извршила увидна екипа од полицијата во Неготино, при што е констатирано дека се работи за Граце Е.(29) од Нигерија, која имала повреди во пределот на главата – скршеница од удар најверојатно од воз. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на погребалното претпријатие од Неготино за закоп на градските гробишта во Неготино.