Пронашле Арсен додаден во пивото


Решена е мистеријата за тајното количество на арсен во пивата кој што се продаваат низ Германија, велат научниците. На Националниот состанок на Американското хемиско здружение, кое што се одржа денес, а на кое присуствуваа најголемите научници од цел свет, беше откриена големата мистериозна тајна.


arsen2Доктор Мехмет Коелхан, и неговите колеги, истакнаа дека откритието може да биде од големо значење за пиварниците кои користат филтрирачка технологија преку која е откриено зголемено ниво на арсен во некои од германските пива.
Тим Коелхан и неговиот тим ја решија загатката, откако тестирале 140 примероци на пива од Германија, како дел од програмата за мониторинг. Мониторингот го проверува нивото на тешки метали во пивото, како што се арсенот и оловото, како и природните пестициди и други несакани супстанци.
„Кога нивото на арсен кај пивото е повисоко отколку во водата, која се користи за подготовка, овој вишок на арсен треба да доаѓа од некои други извори“, вели Коелхан.
„Тоа беше мистеријата за нас. Како последица на тоа, ги анализиравме сите материјали“, вели тој.

Тимот заклучил дека арсенот е резултат на материјалот kieselghur, филтрирачки материјал кој се користи за отстранување на квасецот, и други честички и му дава на пивото кристално јасен изглед.

arsen Овој материјал се состои од фосилизирани остатоци од „диатомс“, еден вид на алги кои живееле пред милиони години. Истите се користат во голем број на филтрации на пивото, виното и други пијалоци.
„Константиравме дека kieselguhr може да биде значен извор на арсен, кој може да го контаминира пивото. Многу веројатно е да луѓето се разболат од пиењето на пиво, кое се преработува, односно филтрира на ваков начин“, смета Коелхан.
Тој додаде дека покрај Германија постојат уште најмалки шест други држави кои имаат повисоки количини на арсен во германските пива. Ова било потцртано во извештајот пред четири години, каде се потенцира дека покрај пивото и други винарски и прехрамбрени производи, со ваквиот начин на филтрација и преработка можат да се ослободи недозволено ниво на арсен во истите.

Contacts and sources:
American Chemical Society
arsen vo hrana
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1