Пропаѓа познатиот замок Монте-Кристо


Познатиот замок Монте – Кристо, некогашен дом на познатиот писател Александар Дима, автор на „Тројцата мускетари“, чека да биде спасен од забот на времето.

Речиси милион евра се потребни за негова реставрација, вели диркторот на замокот за The Local. Замокот кој се наоѓа на северот на Франција се распаѓа, а за негоа санација потребни се 921.000 евра.Screenshot_13-584x320

Општинската асоцијација што раководи со замокот бара јавен придонес за да се помогне реставрацијата. Ако обезбедат пет отсто од парите потребни за реставрација, останатите ќе може да ги добијат од националната фондација за културно наследство.

„Императив ни е овој архитектонски бисер да го сочуваме за следните генерации“, вели директорот на замокот Фредерика Лурол. „Не смееме да дозволиме да падне заради неговата старост. Замокот е креиран од Александар Дима, за Александар Дима. Тој е еден од најпознатите француски автори и се уште е читан низ светот“.

Таа смета дека иако замокот можеби не може да се спорди со оние во Версај, сепак треба да се сочува, како француско културно наследство.

Откако семејството Дима се збогатиле од литературните успеси, Александар наредил да се изгради замокот во Порт-Марли во 1844 година и го именувал според една од своите најпопуларни новели, „Грофот Монте-Кристо“.

Тој го нарекол замокот на три ката во нео-ренесансен стил „рај на Земјата“.

Малата куќа во која Дима работел, исто така бара комплетна санација. Таа е наречена замокот Д`Иф, според затворот во кој Едмонд Данте, херојот од „Грофот Монте-Кристо“, поминал шест години.

Според Лурол, околу замокот треба да се направи нов дренажен систем, кој ќе го заштити од понатамошно пропаѓање. И на прозорците им треба замена.

До сега, во фондот се собрани само 3.000 евра, а собирањето пари тече бавно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1