Парапсихологот Мевлудин Дуванчиќ, кој уште го нарекуваат и балкански Нострадамус, во емисијата кај Огнен Амиџиќ раскажал дека оваа година ќе биде фатална за многу бракови и врски на балканските ѕвезди.
Така, Северина и Игор Којиќ ќе го завршат својот брак, а извесено е и раскинувањето на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ.
Човекот кој на одредени јавни личности веќе им ја прорече судбината и предвиде бројни несреќи, немал убави вести за оваа година.
-Оваа година за многумина ќе биде пресудна. Ќе има поплави, земјотреси, разни опасни вируси во целиот свет. Ништо подобро не ги очекува ниту јавните личности. Еве, на пример, Северина и Игор. Колку што јас гледам, тие силно работат да добијат принова, но нема да успеат во тоа. Јас гледам дека тие ќе се разделат. Исто така, ќе биде и со Александра и Филип. Ни нивната врска нема да успее, рекол парапсихологот.
Тој ја потсетил јавноста на работите кои ги предвидел, а навистина се случиле.-Предвидев дека Халид Бешлиќ ќе има тешка сообраќајна несреќа. Кога тоа се случи Халид беше во кома и многумина мислеа дека нема да се извлече. Дури и лекарите беа скептични. Јас се јавив на неговото семејство и им реков дека ќе се разбуди за три дена и дека ќе може да јаде сам. Така и се случи, раскажал Мевлудин.
Тој своевремено, додека Северина беше во вонбрачна зедница со Милан Поповиќ, рече дека тие ќе се разделат и тоа штом пејачката роди син.
-Кога тоа го кажав имав закани од Поповиќ, и имаше сешто, рекол парапсихологот.
Додека параспихологот зборувал за тоа што се очекува од познатите во иднина, гостинката на Огнен, Маја Николиќ се пошегувала и го прашала за иднинатата на Огнен Амиџиќ, односно дали ќе остане во брак со манекенкатата Даниела Димитровска.
-Па нема ни тие да останат заедно. Така јас гледам, рекол Мевлудин.
После ова на Маја и станало непријатно, а Амиџиќ останал без текст.
Балканскиот Нострадамус тврди дека Ана Николиќ ќе има девојче, но и дека треба да се пази од спонтан абортус.