Пророштвото на тибетанските монаси открива: Каква судбина ја чека нашата планета?


Гледањето на иднината со духовната моќ не е ништо ново во тибетската култура. Она на што биле сведоци неколку индиски туристи во тибетските манастири (под раководство на кинеската влада) е многу интересно. Според нивните раскажувања, тибетските монаси предвиделе дека светските сили се движат кон уништување. Но …и дека светот нема да биде уништен!

Сегашните велесили кои владеат со светот ќе продолжат со конфликти и војни. Тероризмот и студената војна ќе бидат главниот светски проблем. Во светот на политиката нешто ќе се случи, токму околу 2015 година. Во тој период светските сили ќе се стремат кон меѓусебно уништување. Целиот свет ќе го очекува најлошото. Тешките политички маневри и преговори ќе резултираат само со мал напредок. Ситуацијаата во светот се повеќе ќе тежнее кон нуклеарна војна. Но, во тоа време, нешто неверојатно ќе се случи, велат будистичките монаси од Тибет.tibet_main-420x0

Натприродните духовни сили ќе се вклучат и ќе интервенираат, а светот ќе биде спасен.

Предвидувањата на монасите укажуваат на тоа дека моќните духовни сили постојано го надгледуваат човештвото. Според нив тие ќе интервенираат за да го спасат светот од самоуништување.

Кога ги запрашале монасите за наводните НЛО летала кои биле забележани над Индија и Кина, тие кажале дека вонземјаните само надгледуваат. На човештвото нема да му биде дозволено да ја менува иднината на тоа ниво. Секое човечко суштество со своето постоење и карма има способност да влијае на својата судбина, но менување на судбината на светот во толкав обем, нема да биде дозволено, предвиделе свештениците.

Монасите исто така споменале дека по 2015 година нашата сегашна цивилизација ќе разбере дека крајните резултати на развојот на науката и технологијата ќе бидат во областа на духовната, а не материјалната, односно физичката реалност.

По 2015 година, технологијата ќе тргне во друга насока на развој. Луѓето ќе се запознаваат со суштината на духовноста, односот помеѓу телото, умот и душата, реинкарнацијата како и фактот дека ние сме поврзани со секого, како дел од Бог. Според нивните визии за иднината, нашата планета е благословена и е спасуваана од било каква штета, а за тоа ние не сме ни свесни. Како што ќе напредува нашата технологија, ние ќе бидеме во можност да разбереме дека духовните сили не спасувале цело време.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1