Простила а тоа ја убило: Пред судот му простила на сопругот физичко насилство – по неколку часа ја убил!


31 годишната Андреа Кру од Колумбија со маринецот Кејлеб имала две ќерки. Живееле во Вирџинија. Зад на прв поглед складниот брак се криеле чести физички напади на Келјеб врз сопругата, и караници за пари. Кога тој ја убил Андреа, помалата ќерка имала само 11 месеци, а поголемата 4 години.

Screenshot_28

Во јули 2013 година Андреа повикала полиција да го пријави сопругот кој ја полил со моторно масло!  Тој веднаш бил обвинет за семејно насилство и уапсен. Таа се подготвувала да замине во Јужна Африка за нов почеток со своите деца, но изгледа дека се уште не можела да пресече и да го прекине бракот. На судењето закажано за 7 август изјавила дека му простува и ги повлекува обвинувањата. Кејлеб бил ослободен и пуштен да си оди.

Кејлеб и Андреа од судницата до својот џип заминале фатени за рака. Но почнале да се караат во џипот. Кога Андреа му се заканила дека повторно ќе викне полиција, Кејлеб се нафрлил кон неа. Ја фрлил на задното седиште и почнал мајката на своите деца да ја дави со голи раце! Кога забележал дека уште е жива, ја извадил вратоврската и продолжил да ја дави несреќната жена. Пред да го изпушти последниот здив и рекол „Збогум“!

Веднаш по убиството телото на сопругата го фрлил во шумата и отишол да ги земе децата од беби – ситерката. Ги успал, се вратил во шумата, го нашол телото на Андреа, го ставил во вреќа во која ставил и камења, и вреќата ја фрлил во река.

Следниот ден пријавил дека Андреа исчезнала.

Но по кусо време рибар ја нашол вреќата со телото на Андреа во неа. Кејлеб се изјаснувал за невин за обвинението „убиство од прв степен“. Кај него биле најдени камења како тие во вреќата, вратоврската која ја носел тој ден, се уште била на вратот на убиената жена!

Минатиот месец Кејлеб бил осуден на доживотен затвор за убиството на Андреа. Го променил својот исказ и признал дека е виновен.

– И го земав телефонот. Ја грабнав од седиштето и почнав да ја давам. и реков „збогум“. Знаев дека штом тргнав по тој пат веќе нема враќање. Таа ми рече „Те молам Кејлеб“ а јас почнав да плачам но не можев да претсанам – сведочел убиецот.

На прашањето зошто ја употребил и вратовсрската, одговорил: За да ја завршам работата!
Двете ќерки живеат со роднини на нивната мајка во Колумбија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1