И детето со вас на работа – Компаниите ќе можат да отвраат детски градинки


И децата ќе одат на работа. Но без обврски, играта и дружењето остануваат приоритет. Отсега секоја фирма може да отвори градинка во своите простории. Родителите на работни места, детето блиску до нив. Ова функционира и во Македонија, во текстилна фабрика.  Но бидејќи немаше закон, градинката е регистрирана како игротека.

gradinka deca

-Не е се во парите,  ние сакаме да створиме лојални вработени…ние имаме претежно жени вработени…да им олесниме тука да им бидат децата, изјави Габириела Павловска-заменик генерален директор на Окитекс.

Доаѓаш на работа го носиш детето, одиш и го земаш со себе. Нема  трчање во градинка, назад дома,на работа, брзање за да го земеш навреме. Ова е вистинско олеснување за родителите.

-Го избегнување сообраѓајниот метеж, нема ниту дополнителни трошоци…детето е тука до мене, а ја плаќам истата сума како во државните градинки, изјави Марија Тасески.

Досега три компании, со поголем број на вработени побарале да регистрираат  детска градинка во објектите. Тие се задложени за сите услови и стандарди како и за цената на дневниот престој.

-Тие мора да ги исполнат стандардите  и условите за основање градика, да обезбедат кадар, да обезбедат храна , да ги плаќаат вработените, изјави Диме Спасов-министер за труд и социјала.

Најдобар пример за ова е светскиот гигант Google, тука децата добиваат  многу повеќе од градинка. Но  и  за  американците  ова е скапа инвестиција, само 7 проценти од компаниите основале градинка на свој простор. Сепак, интересно е тоа што на ваков чекор се одлучуваат и мали фирми.

-Не сакаме да ги изгубиме вработените во кои многу сме вложиле, изјави Андрју.

Во светот 39 земји имаат закон со која се предвидува основање градинки во фирмите. Искуствата покажале дека вработените се поефикасни на работните места, кога знаат дека детето е блиску до нив.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1