Гробот на гркот Зорба е во Скопје – но тука во нечија фиока се уште е и неговиот инструмет


Пролетта во 1922 година на скопската железничка станица во Скопје, од возот кој стигнал од Солун, слегол еден мустаќлија. Додека носачите од поштенскиот вагон го истоварале неговиот багаж, непознатиот кај отправникот на возовите се распрашувал каде се наоѓа хотелот „Ловец“.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAНајпознатиот грк во светот овековечен во роман, а потоа и во филм е гркот Зорба. Малкумина знаат дека последните години од животот Зорба ги минал токму во Скопје, бил оженет за скопјанка и имал деца кои токму во Македонија основале свои семејства.

Зорба починува во 1943 година и е погребан на гробиштата Бутел во Скопје.скопските гробишта „Бутел“. Таму во парцела број 17, алеја 3, во гробот со број 23 почива Георгиос Зорбас.

Пред смртта тој го замолува селскиот учител, кој го  знае  германскиот јазик, да напише писмо до Никос Казанѕакис во кое Зорба кажува дека дека му го остава своето сантури.

Казанѕакис за жал никогаш не дојде во Македонија да го земе своето сантури. Тој умира во 1957 година и е погребан на родниот Крит.

Некаде во скопско, во некој долап, зорбиновото сантури, чека некој да го открие.  Но како Зорба завршил во Скопје. Приказната е следна…

Зорба се борел против Турците и Бугарите а на писателот му раскажал дека сторил незамисливи работи и заклал многу луѓе.

yorba

Еднаш влегов во едно бугарско знаев дека попот навечер ја соблекуваше мантијата и преоблечен во овчар со својата пушка влегуваше во грчките села. Само пред неколку дена тој го убил грчкиот учител. Се скрив во плевната и кога попот влезе го заклав како овца.

zorbasНеколку дена подоцна сретнав пет деца, облечени во црно, боси, се држеа за рачиња и просеа. Три девојчиња и две машки. Најстарото немаше ни десет години, најмалото беше доенче. Најстарото девојче го носеше доенчето и го целиваше за да престане да плаче. „Чии деца сте“ – ги прашав на бугарски.

„На попот. Татко ни го заклаа во плевната“. Очите ми се насолзија и земјата под мене почна да се врти како воденички камен. Се потпрев на еден ѕид да не паднам. Го извадив ќесето, полно со турски меџитлии, и го истурив на земја.

„Земете ги, за вас се“. Излегов од селото, ја соблеков кошулата на која беше извезена иконата на Света Софија** ја искинав и почнав да бегам колку што ме држеа нозете.

И сеуште бегам…” ја пренесува приказната Јован Христовски и порталот МКД.мк

nikos kazaПоследните децении од животот Зорба ги поминува во село во близината на Скопје каде се жени со Македонка со име Љуба.

Пролетта во 1922 година на скопската железничка станица во Скопје, од возот кој стигнал од Солун, слегол еден мустаќлија. Додека носачите од поштенскиот вагон го истоварале неговиот багаж, непознатиот кај отправникот на возовите се распрашувал каде се наоѓа хотелот „Ловец“.

Откако слушнал дека се наоѓа во близина на станицата, дојденецот, кој за сето тоа време за рака држел 10-годишно девојче, им ја кажал адресата на носачите и тргнал по улицата „Крал Петар“ која почнувала речиси од перонот.

Можеби уште тогаш дојденецот размислувал за обврската дадена на пријателот Никос, на кој му ветил дека веднаш по пристигнувањето во Скопје ќе му пишува за првите впечатоци во градот во кој сакал да започне со работа.

Момците во хотелот „Ловец“ биле видно разочарани кога се појавил гостинот чија соба била резервирана еден месец однапред.Се надевале на господин кој гарантирал добар бакшиш, но во хотелот стигнал необично крупен човек со обичен качкет, далеку од господата кои тогаш стигнувале во градот покрај Вардар.

F0FDDE1A4468E342AD581C902A391B7EСопственикот на хотелот на својот персонал му наредил да му стојат на услуга на новиот гостин, познат грчки трговец, кој ги закупил собата во хотелот и шупата во дворот за една година.

Подоцна раскажувале дека тој малку бил ситничав околу храната за својата симпатична ќеркичка и дека долго мезел пред да изеде тепсија јагнешки парчиња места со два бокала црно вино.

Следните две десетлетија, сè до смртта, Јоргос Зорбас ќе ги помине во Скопје и ќе биде запаметен по саботните пијанки низ месните кафеани, посебно во гостилницата „Маргер“, собирајќи доживувања за легендарниот роман на неговиот пријател.

Скопјаните често се бореле за место на неговата маса, бидејќи слушнале за атмосферата која знае да ја направи.

652B920DD86D7C428D179A3EE719122AНеговиот шарм, лесното склопување на познанства му помогнале целосно да се вклопи во имиџот на градот, да стекне животни пријателства, но и да ја освои најубавата скопјанка – вдовицата Љуба.

Тој починал од срцев удар во 1941 година, во хотелот „Ловец“, само неколку месеци по мажењето на неговата миленичка Екатерина за богат Евреин и само неколку дена по започнувањето на пишувањето на книгата која ги опишувала сите негови авантури.

Неговиот вечен дом се наоѓа токму на гробиштата во Црниче, каде го однеле неговите кафеански другари.

Потоа во 1956 година по нивното затворање, неговите коски биле преместени во гробиштата во Бутел.grobot zorba

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1