Елитната проститутка Аликс Тичелмен која е снимена како му вбрузгува смртоносна доза хероин на извршниот директор на Гугл, Форест Хејс, е осудена на 6 години затвор, пресуди Врховниот суд на Калифорнија.
Таа признала дека ненамерно го убила Форест Хејс (51) , татко на 5 деца, на неговата јахта во Санта Круз во ноември 2013 година. Злосторството е докажано со видео снимка, на која се гледа како, откако Хејс паѓа покрај 27 годишната Аликс, таа не му помага, поминува покрај него, го напушта бродот без да повика полиција. Обвинителите ја пронашле снимката на серверот и таа била клучен доказ во судењето – пишува Мирор.
Адвокатот на Тичелмен, Лари Бигам, изјавил дека таа немала мотив за убиство на Хејс бидејќи тој и бил „богат извор на приходи“.
Тичелмен е во затвор речиси цела година, а ако добро се однесува може да биде пуштена на слобода по 2 години отслужување на затворска казна.
По смртта на Хејс, полицијата во Џорџија повторно ја отвори истрагата за убиството на поранешниот партнер на Тичелмен, Дино Риопел (53), кој умрел од предозирање додека живееле заедно.