Протест на судската администрација во 11 часот


Судската администрација денеска го завршува протестирањето пред Министерството за правда. на голем протест уште еднаш ќе побара средба со министерот Валдет Џафери за да почне преговори за исполнување на барањата.sud obvinitelstvo

Судската администрација бара промена на два члена од Законот за судски службеници со кои се изедначуваат со платите и додатоците со останатите вработени во судовите.

Протестот започнува во 10.30 пред зградата на Сојузот на синдикатите, потоа ќе продолжи пред Собранието и ќе заврши пред Министерството за правда.

Најавено е учество на судски работници од целата земја, како и на членови на синдикатите и граѓанските организации кои го поддржаа штрајкот на судските работници.

– Очекуваме конечно министерот да најде време и да се состане со претставниците на работниците. Убедуваме дека нашите барање се едноставни и брзо решливи, но за тоа ни треба дијалог со министерот кој упорно тврди дека има многу поважни работи од разговор за проблемите на работниците – изјави вчера претседателот на Синдикатот на управата правосудните органи и заедниците (УПОЗ), Пецо Грујовски.

Доколку министерот и денеска одбие да се сретне со претставниците на судксата администрација од него ќе се побара оставка.

Судската администрација штрајкува веќе еден месец, но досега институциите одбиваа да се сретнат со нивни претставници.

Додека траеше штрајкот работниците трпеа и притисоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1