Протест на ВМРО-ДПМНЕ, бара ослободување на притворените


ВМРО-ДПМНЕ и вечерва на протест пред Министерството за правда. Членовите, функционерите и поддржувачите на партијата и вечерва го изразија својот револт против новите одлуки на судот и притворот за шестмината пратеници од нивната партија.

Тие воедно побараа итно ослободување на притворените, квалификувајќи го приведувањето како политички реваншизам.

– Она што се случи денес е невидено не само во историјата на Македонија, туку и во еден поширок контекст. Да се стави во притвор пет проценти од целокупниот пратенички состав, односно 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е ништо друго, туку инсталирање на диктатура – рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова однесување, додаде, води кон целосна поларизација и радикализација во Македонија.

На протестот се обрати и Мане Јаковлевски, еден од основачите на партијата. Партијата, рече, што успеа да го оствари сонот на претходните генерации, денеска повторно е изложена на најбрутални притисоци. – Сакаат да ја уништат ВМРО-ДПМНЕ, да уништат нешто што не може да се уништи, нагласи Јаковлевски.

Според Славчо Чадиев, партиски членови осми ден се излезени на улиците за да кажат дека уапсените не се терористи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1