И денес протест на граѓани кои побара оставки од премиерот. Протестот започна пред Влада за колоната потоа да продолжи пред МВР и зградата на премиерот Груевски. Беа спречени од полицијата да протестираат непосредно пред вратите на МВР.
Братот на убиениот Мартин Нешковски, Александар, побара обвинителството да ги процесуира вчера поднесените кривични пријави против Никола Груевски, Урко, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков.
„Целата ситуација затаи од врвот на власта, зато и беа поднесени тие тужби вчера, по 4 години, и нередите кои се случија на протестите на 5. мај се последица на нефункционалноста на институциите“, рече Александар Нешковски.
Семејството се надева дека правдата ќе биде ѕадоволена и дека сите инволвирани во задскривањето на убиството на Мартин ќе одговараат.