Протест во Скопје: Жерновски нема право да стопира изградба на црква


konstantinielena

Граѓанската иницијатива ВЕРИТАС ги повикува граѓаните на мирен собир во 11.30 часот пред локацијата каде се гради Црквата СВ Елена и Константин.

Граѓанската иницијатива ги повикува граѓаните заедно да го искажат незадоволство и да упатат апел да се повлече точката за укинување на ДУПОТ во кој е вцртана нејзината изградба.

-Градоначалникот Жерновски и Општината Центар немаат ниту законско а уште помалку морално право да се дрзнат да ја стопираат изградбата на Црквата која преставува Божји храм. Црквата се гради со донации на верниците и добронамерни граѓани, што сведочи дека црковниот храм е по волјата на самите граѓани. Ниту господинот Жерновски, ниту било кој друг нема право да ја погази таа волја, стои во соопштението на Граѓанската иницијатива.

Во истото се нагласува дека зад таа црква која е симбол на скопјани, која се гради по божјата волја и со благослов на Македонската православна црква -охридска архиепископија, стојат граѓаните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1