Новинарите ќе се соберат на протест за да изразат револт откако судот денеска за уште 30 дена му го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски.
Иницијативниот одбор за спас на Кежаровски информира дека протестот е закажан во 11 часот пред Кривичниот суд.
Кежаровски трет ден штрајкува со глад. Поради неговото апсење реагираа европските асоцијации на новинари, кои побараа слобода за новинарот.
Томислав Кежаровски беше притворен под сомнеж дека пред пет години во свој текст објавил име на заштитен сведок.