Од 10 до 14 часот Здружението на погребални оператори Скопје ќе одржи мирен протест пред Институтот за судска медицина на бул. „Мајка Тереза“ од каде протестот продолжува пред Министерството за здравство, Собранието на Град Скопје и истиот ќе заврши на ул. „Париска“ пред ГОБ „8 Септември“
Со почеток во 11 часот пред зградата на Владата на Република Македонија мирни протести ќе одржат Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ и поранешните вработени во „Алумина“.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација на сообраќајот, а во зависност од состојбите и пренасочување на сообраќајот.