ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Се запали зграда во центарот – станарите заробени во пламените јазли! (ФОТО)


Вечерва после полноќ избувна пожар во центарот на Прилеп поточно на ул. Браќа Ламески (над маркет Футура) откако од засега непознати причини почнала да пука инсталацијата при што настанало пожар во влезот на зградата, јавува порталот Шеталиште.мк.

Шеталиште.мк

Шеталиште.мк

Брзата интервенција на пожарникарите не дозволи да дојде до катастрофа, бидејќи имаше можност голем број од станарите да останат задушени кои не можеа да излезат надвор од зградата бидејќи влезот гореше.

Станарите веднаш се качиле на горните спратови кои исплашени чекале помош на терасите и покривот од зградата, при што пожарникарите со скали ги симнуваа од задниот дел.

Нивната интервенција ја отежна работата тоа што сеуште имаше струја во зградата, а откако пристигнаа единците на ЕВН веднаш стапија во акција.

Шеталиште.мк

Шеталиште.мк

Активирани беа речиси сите пожарникари со три возила, како и три возила на Итната медицинска помош кои им помагаа на луѓето кои беа евакуирани, а на некои им беше укажана лекарска помош поради дишењето на чадот.

За среќа нема жртви, но има материјална штета. Полицијата излезе на местото на несреќата, каде ќе се утврдат причините за несреќата.

Повеќе фото на – Шеталиште.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1