Процедура: Кои документи ви се потребни за да се вработите во Германија


Како до работа во Германија? еМагазин  ја објаснува целата процедура.

Доктори, доктори специјалисти и ветеринари од Балканот можат да работат во Германија откако ќе им бидат проверени дипломите дали се усогласуваат со германското законодавство. Во поголем дел потребно е да се положи и дополнителен испит-апробација. Ако сакате да работите во Германија како доктор, доктор-специјалист или ветеринар, забар, терапевт потребна ви е државна дозвола. Во рамки на постапката за апробација државата Германија проверува далi вашата академска титула одговара на германската академска титула. Апробацијата се издава доколку се покаже дека вашето стручно образование одговара на германското образование по истата струка.

germanija zname

Постои и можност да работите без апробација-ако поднесеното барање за издавање на временско ограничување на дозволата за работа е во максимално траење од две години која се продолжува само со исклучителни поединечни случаи.

За работа без апробација доволен е само доказ за стекната диплома за студиите за кои се бара. Оваа процедура е ограничена само на одредени работни места. На пример работа без апробација може да се добие на таканаречени дефицитарни струки, за кои експерти и стручњаци се потребни итно. Во секој случај за време на ваквата работа, после одредено време секој има право да поднесе барање за апробација.

Која е процедурата за добивање на апробација

Барање за апробација можете да поднесета ако сте ги завршиле студиите кои одговараат (медицина, стоматологија, психологија, ветерина). Надлежната канцеларија проверува дали вашата доплома е еднаква на германската диплома.

При проверка на дипломата се зема во предвид и работното искуство кое го имал апликантот во сопствената земја или во странство. Тоа може да ги изедначи разликите кои се востановени во стручното образование. Кога станува збор за психотерапевти, апробацијата се темели на полагање на германски државен испит. Во прилика на проверкаа се зема во предвид и познавањето на германски јазик.

Можни резултати на проверката

Идеалниот резултат од проверката е ако надлежната канцеларија заклучила дека вашата академска диплома е еднаква на германската диплома и дека вашето знаење на германскиот јазик е доволно за раст.

Поставување на условите: Надлежнатата канцеларија востановила дека постојат значајни разлики помеѓу вашата академска диплома и дипломата која одговара на германската. Во тој случај од вас се бара да полагате посебен испит. После успешното полагање на посебниот испит се издава апробација. Во случај ако не го положите испитот, тој може повторно да се полага.

Документи потребни за апробација

-Доказ за идентитет (лиучка карта или пасош)

-Кратка биографија

-Заверена копија од дипломата и евентиално други потврди за стручни квалификации

-Табеларен приказ на степен на образование и работни позиции на кои сте работеле-доколку има

-Потврда за вработување-ако сте ја имале

-Потврда дека во вашата земја можете да работите како доктор и документ од кој може да се види дека имате намера да работите во Германија (потврда или повик од иден работодавач)

-Потврда за лекарски преглед не постар од еден емсец

-Потврда дека не сте казнет -не постара од еден месец

Доколку не се преведени на германски јазик мора да се поднесе и заверени преводи и потврди на германски јазик. Има и државни канцеларии кои не бараат заверени потврди на нотар, туку само копии и контакт со канцеларијата која е надлежна за вас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1