БАБА ВАНЃА ГО СПОМНУВАЛА РУДНИКОТ ”АЛШАР” КАКО СПАС ЗА МАКЕДОНИЈА


Легендарната претскажувачка Ванѓелија Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа во едно свое претскажување предвидела дека Македонија ќе има финансиски проблеми се додека не почне со работа рудникот ”Алшар”.

Ова таа му го кажала на извесен   С. Синадиноски кој ја посетил Баба Ванѓа во деведесеттите години од минатиот век, кога бил ангажиран на одредена функција во Владата на Република Македонија.alsar rudnik

Според негови познаници тој кај Баба Ванѓа бил приватно, но покрај тоа прашал и добил одговор и за Македонија.

Одговорот од познатата претскажувачка бил дека нашата држава ќе биде во криза, се до оној момент додека власта во земјата не го даде рудникот ”Алшар”, кој е единствено наоѓалиште на талиум  во светот.

Интересно е што Ванѓа во дел од нејзините предвидувања за милениумот пред нас , претскажала дека планетата Земја покрај познатто Сонце, ќе ја грее вештачко сонце ( најверојатно мислела на некој неисцрпен извор на енергија ), а соред научниците токму со талиумот може да се дојде до неисцрпен извор на енергија.

ШТО Е АЛШАР ?

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит[1].

Историјат на рудникот

Историјата на Алшар започнува уште од времето на античка Македонија, преку римскиот период и Османското Царство до денес. Историјата на рудникот Алшар е многу интересна, но малку позната и документирана. Станува збор за рудник што има особено голема традиција. Минерали од Алшар се најдени и во археолошките остатоци на Стоби. Во пишувани документи рудникот рудникот Алшар се споменува во турските дефтери од 1481 година. Во овој документ, кој се однесува наРожденскиот атар (селото Рожден е во близина на Алшар), се споменува годишниот приход на турскиот султан кој изнесувал 13,380 акчиња, од кои 1,500 акчиња се дел од продажбата на арсенската руда од Алшар. Во текот на 15 и 16 век регионот бил добро развиен како резултат на дејноста во рудникот Алшар.

Следни податоци за работата на рудникот се среќаваат во документи од 1877 година, кога почнала да се формира и рударската населба Мајден. Во тој период Алшар бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун, а работите во рудникот ги надгледувал инженерот Шарто. Во почетокот во рудникот биле вработени 500 работници. Денес, во долните делови на селото Мајден се забележуваат траги од старата сепарација на арсенската руда. Вака издробената и сепарирана руда со каравани со коњи и маски се транспортирала во Солун, а оттаму со воз во топилниците во Фрајберг, Германија. Токму од тие вагони биле земени и првите примероци во кои било откриено присуството на минерали на талиум (крај на 19 и почеток на 20 век). За време на балканските и Првата светска војна рудникот престанал со работа.

Геолошки истражувања

По Втората светска војна рудникот бил главно геолошки истражуван, а редовно експлоатирање не било воведено. Истражувањата до 1965 година резултирале со откривање количество руди на антимон, арсен и на талиум. При истражувањето е утврдено постоење на талиум во концентрации од 0,11-0,22%, посебно во северниот дел на наоѓалиштето наречено Црвен Дол.

Во почетокот на 80-тите години на 20 век за минералите од Алшар (особено за минералот лорандит) се заинтересирал и американскиот астрофизичар Мелвин Фридман, од аспект на употреба на талиумските минерали од Алшар како детектори на неутрината по потекло од Сонцето

Ohrid1

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1