Кога купуваме храна се ослонуваме на рокот на траење прикажан на пакувањето, но овие датуми најчесто се произволни.
За да препознаеме колку свежо е јајцето купено од маркет помага мал трик за кој се потребни неколку секунди.
Јајцето е една од ретките намирници чија старост е тешко да се препознае бидејќи неговата содржина изгледа непроменета и по истекот на рокот на траење.
Како би ја утврдиле неговата свежина помага овој многу едноставен трик. Потребни ви се неколку секунди, провиден стаклен сад и обична вода.
Постапка: Ставете вода до половина во садот и во неа ставете ги јајцата. Јајцето е најсвежо кога штом го ставите во садот потоне на самото дно и остане да лежи неподвижно. Седум дена старо јајце чиј рок се уште не е поминат, во садот со вода се балансира на средина со својата тежина и лесно се подигнува од дното на садот. Ако јајцето во целост е опасно за конзумирање, тоа откако ќе го ставите во садот со вода, моментално се подигнува од дното и стои на површината на водата.