Проверете колку ви остарува телото: 33 јасни знаци на стареење


58 отсто од луѓето се плашат од стареењето, а најмногу ги загрижува губитокот на памтењето, болестите и психичкото здравје, тврди новата британска студија на осигурителното друштво “Engage Mutual”. Освен тоа, тие се загрижени дали ќе останат сами, и дали ќе можат сами да се грижат за себе.

Повеќето од анкетираните сметаат дека си онолку стар како што се чувствуваш – а дури 76 насто велат дека се чуствуваат млади.

173610-anti-aging

За повеќето испитаници, првите знаци на стареење се губиток на косата, спиење пред телевизорот и невешто ракување со модерните гаџети како телефони и компјутери. Со годините и модниот стил се менува, па луѓето повеќе преферираат удобна, отколку модерна облека.


33 знаци на стареење:

– вкочанетост
– офкање при наведнување
– користење фрази „Кога бев млада, работите не функционираа така“
– користење фрази „Во мое време…“
– губиток на косата
– непознавање на музичката топ листа
– интензивирана влакнавост на ушите и во носот
– избегнување кафулиња со гласна музика
– жалење на болки во зглобовите
– заборавање на туѓите имиња
– избирање на облеката поради удобноста, а не поради трендот
– мислење дека сите што се наоѓаат на водечки позиции се едноставно премногу млади
– спиење пред телевизор
– задолжителна попладневна дремка
– неразбирање на младешката култура
– невешто ракување со модерните технологии
– технолошка неупатеност
– констанстно приговарање и желење за што било
– носење очила за вид околу вратот
– непознавање на модерните марки
– гледање сериозни емисии
– бавно возење
– избегнување да се носат тешки работи
– постојано приговарање на телевизиската програма
– заборавање каде сте ги ставиле очилата, торбата или клучевите
– избор на мирна вечера дома наместо излегување во град
– интересирање за антиквитети и за базари
– спиење после една чаша вино
– тешко симнување на килограмите
– градинарство
– инвестирање во кремови против старењее
– уживање во местење сложувалки и решавање крстозбори
– остар јазик во секоја прилика, иако тоа не е секогаш примерено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1