Провокација среде Белград на Божиќ: Албанци испишаа „УЧК“ врз автомобили, добија по 55 дена затвор


Тројца Албанци кои ноќта меѓу 6 и 7 јануари среде Белград ги испишаа симболите на терористичката УЧК во снегот врз автомобилите, казнети се со по 55 дена затвор.

Полицијата поради овој скандал кој воочи Божиќ ги вознемири жителите на Мирјево веднаш ги уапси Ибо Бајрамај (20) и Шпресон Бајрамај (22) од Белград како и Даниел Кријезиј (25) од Призрен, објави Вечерње новости.

Тие споменатата вечер го испишале врз снего, паднат врз десетина паркирани возила во улицата Коста Наѓ во Мирјево, натписот „УЧК“, поради што исплашени граѓани веднаш повикале полиција.

По апсењето, полицијата момчињата ги привела кај судија за прекршоци кој им изрекол затворски казни.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1