МВР се огласи по веста со фотографијата на лица кои киднапираат деца во Македонија


Во претходните неколку денови, поединци, со цел да предизвикаат паника, на социјалната мрежа Фејсбук шират фотографија од две лица кои наводно киднапирале деца во Македонија. Министерството за внатрешни ја известува јавноста дека по извршени проверки е утврдено дека станува збор за случај во Мексико, кој нема никаква врска со Република Македонија. https://voznoticias.wordpress.com/2018/08/28/supuestos-robachicos-son-detenidos-en-teotitlan-de-flores-magon Овие две лица се приведени во Мексико во август 2018 година поради сомнение за киднапирање, објави МВР на Фејсбук.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1