Заев се договори со Села – ќе има ли договор и со Касами?


Ден пред почетокот на седницата за конечно усвојување на уставните измени, премиерот Заев прифати едно од неколкуте последни барања на Алијансата на Албаците за уставните измени во делот на Преамбулата за граѓанскиот карактер на државата. Измените беа договорени на попладневната средба Заев – Села. Со ова премиерот смета дека е обезбедена поддршката на пратениците на Алијансата за 4-те амандмани на Владата согласно Договорот од Преспа.

Заев одбива во Уставот да се вметне албанскиот јазик како службен оставајќи го тоа за понатаму.

За барањата да се избрише делот македонско од државјанството и да остане граѓани на Северна Македонија, заев не се согласува иако вели дека продолжува да преговара со Беса на Касами.

И Села делумно задоволен од постигнатото, но гласа за уставните измени.

Сепак, премиерот не може да потврди дека утрешната седница ќе ја почне со сигурни 80 гласа иако се надева дека ќе го постигне двотретинското мнозинство до конченото гласање.

Претходно пратениците на Села и Касами имаа средби со претставникот на НАТО за Македонија генералот Зоран Јанковиќ . Јанковиќ јасно им посочил дека секоја партија и пратеник треба да биде свесен за значењето на измените на Уставот и влезот на Македонија во НАТО.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму стои на ставот дека нема да учествува на седницата за амандманите на Уставот.

Од Македонија блокира пак, најавуваат простести за време на собраниската дебата.

Пред пратениците се 4 владини амандмани и уставниот закон поврзани со Спогодбата од Преспа. Дополително Беса и Алијансата на Албанците имаат свои амандмани. За да поминат овие зимени за секој амандман треба да гласаат најмлаку 80 пратеници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1