Оливер Спасовски, кој уште вчера попладнето ја презеде функцијата од неговиот претходник, а сега заменик со посебни овластувања, Митко Чавков.
Освен информацијата за примопредавањето, од МВР само кратко соопштија дека на средбата новиот министер бил запознат со „активностите и работната содржина на Министерството“.
Дали и во која мера Спасовски планира промени се уште не открива, но според законот, на секој именуван раководител, должен е да именува и дополнителен заменик раководител, по предлог на Чавков. Раководителот и заменикот раководител потоа, заедно и рамноправно ќе учествуваат во спроведувањето на надлежностите. Сите акти треба да бидат потпишани и од двајцата, во спротивно ќе бидат ништовни.
Чавков, како и сите останати ново избрани заменици министри, ќе има право и да става вето на сите министерски одлуки за работи поврзани со изборите. Ако не можат да се договорат кои се тие, судија ќе биде Државна изброна комисија.