По сторијата за Марјан Велјаноски државата го става лекот против рак на кожа на позитивна листа


По актуелизирањето на потресната приказна на „Ohridnews“ и телевизија Телма за 30-годишниот охриѓанец Марјан Велјаноски кој 2,5 години се бори со рак на кожата, државата најави дека лекот кој може да го спаси неговиот живот, а кој тој нема средства повеќе да го прима, ќе биде ставен на позитивната листа.

Ова денеска го најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски, по кусиот разговор кој го имаа Марјан и премиерот Никола Груевски на средба со граѓани во Лескоец.

Ohridnews

Ohridnews

-Лек за мојата болест има, што е потврдено со конзилијарно мислење од онкологија, но не е на позитивна листа и никој не ми го одобрува.- му се пожали на премиерот Марјан кој е татко на две малолетни деца. Груевски го запраша директорот Стефановски што може да се направи за да се помогне, кој истакна дека попладнево во координација со министсртвото за здравство ќе се одржи состанок на надлежните за ставање на лекот на позитивната листа, по што ќе следи распишување на тендер, а додека тој се реализира државата интервентно ќе го обезбеди потребниот медикамент за Марјан кој е во трка со времето.

Стефановски додаде дека Марјан ќе го добие лекот уште наредната недела, а премиерот вети дека ќе го следи случајот.

Марјан Велјаноски има меланом – рак на кожа, но за него има надеж за живот бидејќи е позитивен на брав мутација на ген, што било уттврдено со тестирањата извршени на скопските клиники. Лекарите сметаат дека тој може успешно да се лекува со „Вемуруфаниб“ таблети, со кои шансите за продолжување на животот кај болни од меланом се до 70%. Нив ги нема на позитивна листа, а неделна доза чини 125.000 денари. Благодарение на хумани охриѓани и пејачот Боби Мојсоски кој изминатото лето организираше хуманитарен концерт, Марјан успеа да собере околу 30.000 евра и да започне со лекување. И покрај добрите резултати, тој бил приморан да го прекине лекувањето по три и пол месеци поради недостиг на финансиски средства. Единствена надеж дека ќе продолжи со животот сега му е јавно даденото ветување на државните фунскионери дека лекот за рак на кожа ќе биде ставен на позитивна листа.

 

Нема пари нема живот! – Потресна приказна за битка со ракот на 30-годишен охриѓанец

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1