-Јас не сум говорник, јас сум војник на Македонија – вели Јохан Тарчуловски, во својот прв јавен говор од слобода. Откако беше осуден на 12 години затвор од Хашкиот трибунал, по 8 години Тарчуловски денеска беше ослободен.
Со погача и македонска песна, херојот Јохан Тарчуловски беше пречекан од нашите иселеници во Германија откако денеска го напушти затворот во Диез.
„Не смееме да ја загубиме државата. Јас направив што можев и колку можев. Ако ја загубиме државата, толку ќе ни биде“, изјави Јохан Тарчуловски на пречекот во црквата во Мајнц.
Утре во 15.30 часот тој ќе пристигне во Македонија.