ПРВ КРУГ ОД ИЗБОРОТ ЗА НОВ ШЕФ НА ДРЖАВАТА


Избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Ако се прекине гласањето, времето до затворањето ќе се продолжи за онолку часови и минути колку што траел прекинот. Освен ако тој бил подолг од три часа, тогаш гласањето на тоа избирачко место ќе се поништи. Поради промените во Изборниот законик на едно место да има најмногу до 1.000 запишани гласачи, сега се запишани вкупно 3.480 избирачки места, за 504 повеќе отколку на претходните претседателски избори. На секое ќе има избирачки одбор од петмина, што значи дека изборите непосредно ќе ги спроведуваат 17.400 члена на одборите од јавната администрација.

pretsedatelski kandidatiГласањето се врши лично, а гласачот се идентификува со лична карта или со патна исправа. Кога ќе влезе во избирачкото место, прво еден од членовите на одборот му го проверува палецот на десната рака за да види дали е обележан со црн маркер. Ако не е, продолжува кон пултот каде што се потпишува на избирачкиот список до своето име, зема ливче, го заокружува бројот на својот кандидат, го превиткува за да се задржи принципот на тајност и го става во гласачката кутија. Дури не мора ни да го заокружи бројот, правилата налагаат дека гласот се важи ако од ливчето се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја. На крајот на гласачот му се обележува десниот палец со маркер со црно мастило, за да не може да гласа повторно. Тоа е новина од овие избори, бидејќи до претходните обележувањето се вршеше со невидлив спреј, кој се гледа само под специјални лампи.

На гласачкото место не смее да се влезе со оружје, а забрането е и да се врши агитирање. Тоа значи дека избирачот не може да влезе со некој партиски материјал, облека или додатоци со партиски обележја, па дури и пенкало со логото на некоја од партиите-учеснички или од кандидатите за претседател. Забрането е и гласање за други, јавно гласање, како и гласање на повеќе одеднаш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1