Прв смртен случај од корона вирус во Македонија


Посмртно кај жена од Куманово, земени се брисеви, и констатирано дека имала корона вирус. Жената на возраст од 57 години, била во болница, но постојано и се влошувала состојбата. Нејзиниот син исто така е заболен од корона вирус.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се нови 29 нови случаи, со тоа денеска до 12 часот, бројот на заболени изнесува 114.

Во Скопје има 65 заболени.

На Клиниката за инфектологија има 24 пациенти. Седум се на кислородна поддршка. Утре по изминување на 14 дена, ќе се зема контролен брис кај шест пациенти.

Пациентката која е на респираторна машина е со непроменета состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1