Објавена снимка од апсењето на тинејџерот (15) кој минатата недела во училиште во Соснов Бор во руската република Бурнатија со секира ги нападна училишните другари, а полицијата соопшти и дека уапсила двајца тинејџери кои му биле соучесници.
-На барање на изстражителите, судот им одреди притвор на двајца тинејџери, се наведува во соопштението на истражниот комитет.
Портпаролката на Истражниот комитет Светлана Петренко, вели за Тасс дека соучесниците имаат по 15 и 14 години.
-Бидејќи е испрашан напаѓачот, очевидците и жртвите, како и врз основа на резултатите од истрагата, утврдено е дека напаѓачот го извршил нападот заедно со другари од одделението, вели таа.
Нападот со секира во училиштетот во Соснови Бор на 19 јануари го изведе 15-годишник, повредувајќи шест ученици и наставничка. Тој е ученик во деветто одделение, а нападнал две години помлади ученици. Тој потоа предизвикал пожар и сам на себе си нанел повреди со нож. Обвинет е за обид за убиство и нему вчера му е одреден двомесечен притвор.