Првата идентификувана жртва е 16 годишно девојче (ФОТО)


Шеснаесет годишната Георгина Каландер е првата идентификувана жртва во нападот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер.

Оваа тинејџерка непосредно пред концертот на својот идол, на својот Твитер профил напишала дека е многу среќна што ќе се види со Аријана Гранде, пренесуваат британските медиуми.

Нејзините пријатели сега и оставаат жални пораки на Твитер опишувајќи ја како прекрасна личност со најпрекрасно срце и душа.

-Вечно ќе ми недостигаш, одмори се на поубаво место од ова овде, е една од пораките.Да потсетиме, во терористичкиот напад од бомбаш самоубиец кој вчера се случи во Манчестер арената, на концертот на американската тинејџ ѕвезда Аријана Гранде, загинаа 22 лица. Меѓу загинатите има и деца. Одговорноста за нападот ја презема Исламската држава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1