Првата министерска оставка во Владата на Заев


Министерот за правда Билен Саљији вечерва поднесе оставка. Како што објави на прес конференција, оставката е мотивирана од неуспехот околу случајот Алмир.

“Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам да поднесам оставка”, изјави Саљији.

Името на Саљији се споменуваше меѓу оние кои не одговориле на очекувањата и дека е можно да се најде на листата на министри за реконструкција, така што со овој потег се поштеди од таа можна одлука. Инаку, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Макфакс“ изјави дека на негово барање се сретнал со родителите на четиригодишното дете Алмир Алиу од Куманово, кое беше прегазено во 2016 година во Куманово и им подлегна на повредите.

„Бев со цел да им кажам дека нема никаква заднина во преквалификацијата на предметот“, рече Јовески во интервјуто. Тој изјави дека правдата ќе биде задоволена, а правото мора да владее. Јовески потврди дека во случајот нема никаква етничка или каква и да е друга заднина.
Јовески нагласи дека го проучил предметот за прегазувањето на малиот Алмир и дека обвинението на обвинителот се заснова на факти и докази што му стојат на располагање. Во конкретниот случај врз основа на доказите и вештачењата во предметот, обвинителката која го застапува предметот утврдила дека во случајот нема умисла, односно дека доказите не го потврдуваат обвинението кое првично било убиство со умисла, рече Јовески.

За утре се најавени протести против прекфалификацијата на делото од убиство во сообраќајна несреќа, при што во јавноста проструи информацијата дека градоначалничката од Арачиново ќе обезбеди транспорт за тие што учествуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1