Жената за која се верува дека е првата муслиманка која ја освоила титулата за Мис на САД во 2010 година, Рима Фатих се преобратила во христијанство, пренесува порталот „Крисчн тудеј“.
30-годишната Рима Факих вели дека минатиот месец му го предала својо живот на Исус Христос, а неодамна на својот профил на Твитер објавила стих од посланието до Филипјаните стих 4,13: „Сè можам во името на Оној кој ме зајакнува“.
Мисицата наскоро ќе се омажи за Васим Салиб, музички продуцент кој е маронитски христијанин.
Во интервјуто кој во 2010 година го дала за порталот „Хафингтон пост“, Рима изјавила дека таа и нејзинотот семејство не се религиозни, туку се многу либерални, но сепак ги ценат сите религии.
Иако како муслимани на некој начин се држеле до исламските празници, тие го славеле Божиќ и некои христијански празници. На социјалните мрежи многумина ја поддржале одлуката на оваа атрактивна бринета која води потекло од Либан.
Покрај моделството Рима се занимава и со актерство и е професионална борачка.
Рима и нејзиниот избраник ќе се венчаат на 15 мај.