Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување


Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување.

Таа беше вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација, соопшти Министерството за здравство.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Министерството наведува и дека во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1