Првата песна на ќерката на Цеца, Анастасија


Анастастија Ражнатовиќ го издаде својот прв сингл. Ќерката на Цеца доби лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи за песната „Савршен пар“ и за спотот во кој се појавува еден бразилски манекен, а сниман е на неколку локации во Белград.

Текстот на песната е на Анастасија Ражнатовиќ, а аранжманот на нашиот композитор Дарко Димитров.

Спотот Совршен пар е во поп фазон по идеја на Дарко Димитров. Како што јавуваат медиумите, спотот чини 20.000 евра, а сценариото го напишала Анастасија

Од бојата на гласот на Анастасија до умереноста во стајлингот, фановите позитивно реагираат на нејзиното првенче. Велат дека песната има модерен призвук и е совршен почеток на музичката кариера на Анастасија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1