Војводата и војвотката од Сасекс, до скоро принцот Хари и Меган Маркл, ги објавија првите официјални фотографии од нивната свадба, што се одржа во неделата.
– Ми претставуваше неверојатна чест да го документирам инспиративното љубовно патување на војводата и војвотката од Сасекс. Тоа беше прекрасно поглавје од мојот живот, што никогаш нема да го заборавам – рече фотографот Алекси Лубомирски, кој беше задолжен за официјалните фотографии на двојката.