Се појави првата снимка од воздушната база Шајрат, која Соединетите Американски Држави ја погодија со 59 проектили томахавк, по обвинувањата дека Башар ал-Асад неделава извршил хемиски напад врз Идлиб.
Снимката ја објави ТВ-каналот Расија 24, вели Раша тудеј, а им ја испратил воениот дописник Евгениј Подубниј.
На видеото се гледа тешко оштетениот авијациски хангар, чиј покрив е пробиен со очигледно директен удар. Од снимката не е јасно дали имало авиони во хангарот.
Во далечината се гледаат неколку неоштетени хангари со авиони во нив.
Бетонската писта навидум претрпела мали до умерени оштетувања, зашто на неа се гледаат релативно мали дупки.