ПУТИН ГО ОСУДИ, ТУРЦИЈА ГО ПОЗДРАВИ НАПАДОТ НА САД ВРЗ СИРИЈА


Претседателот на Русија Владимир Путин го осуди американскиот напад на Сирија и рече дека тоа е агресија врз една суверена држава и кршење на меѓународното право, соопшти денеска Кремљ. Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, рече дека Путин смета оти нападот е обид да се сврти вниманието на меѓународната заедница од големиот број цивилни жртви во операциите на коалицијата предвидена од САД во Ирак.tramp-putin

Путин е силен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, кој нареди напад со хемиско оружје врз цивили во сопствената земја при што загинаа 80 луѓе .

САД утринава по наредба на Трамп изведоа воздушен напад на сириска воздухопловна база, како одговор на нападот со хемиско оружје на цивили во Сирија.

Саудиска Арабија и Турција, кои ја поддржуваат сириската опозиција, го поздравија нападот, а Ријад го нарече „храбра одлука“ на Трамп. Иран, уште еден силен сојузник на сириската влада, го осуди нападот како „еднострана акција“ и „опасен“.

Сирија го осуди нападот како агресија. Сирискиот министер за информирање, Рамез Турџман, изјави дека американскиот напад на сириската воена воздухопловна база во Хомс бил со „ограничен обем“ и дека не очекуваат понатамошна воена ескалација.

„Верувам дека нападот беше ограничен и временски и просторно и беше очекуван“, рече Турџман во телефонска изјава за сириската државна телевизија.

Прашан дали ќе има одговор од Русија, Турџман рече дека Москва го осудила американскиот напад.

„Не очекувам да дојде до воена ескалација“, додаде тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1