Првиот бран цунами дојде до Јужниот остров на Нов Зеланд, по денешниот земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтеровата скала, соопшти преку Твитер локалната Канцеларија за цивилна одбрана, пренесе ТАСС.
„Првиот бран дојде до североисточното крајбрежје на Јужниот остров”, се вели во пораката на Твитер, без да се прецизира дали има жртви и разурнувања.
Јужниот остров, со површина од околу 151 илјади километри квадратни, е најголемиот во Нов Зеланд, со население од околу 1,1 милион луѓе.
Епицентарот на потресот е регистриран на 53 километри североисточно од градот Амберли и на околу 90 километри на север-североисток од градот Крајстчерч, на длабочина 23 километри.
Првично интензитетот на земјотресот беше соопштен дека е 7,4, но подоцна соодветните служби информираа дека станува збор за земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала.