Четири години живеел со мртва мајка во стан во Загреб!


А. Н. (92) години од Загреб починала пред четири години во својот стан во загрепската Трешњевица, а нејзниот син (59), не само што не ја пријавил смртта, туку сите овие години ја држел мртвата мајка во затворена соба, пишува проталот „24сата.хр“.zagreb_1000x0

Полицијата по испитувањето го уапсила неименуваниот маж и тој бил предаден на државното обвинителство со кривична пријава.

Тој се товара за кривично дело оставање на блиска личност во тешка положба и му се заканува казна затвор до три години. Исто така, осомничен e за кривично дело повреда на мирот на починатиот и за тоа му се заканува казна затвор до две години.

Tретото дело за коешто е осомничен е фалсификвани исправи, а му се закануваат уште пет години, ако се утврди дека тие исправи ги користел.

Неговите соседи се во целосен шок, откако дознале што се случувало во изминатите четири години во нивната зграда.

– Тука веројатно станува збор за подлабоко психопатолошко нарушување кое не било дијагностицирано ниту се манифестирало при неговото општествено функционирање – рекол познатиот хрватски психијатар и судски вештак Мијо Милас.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1