Првиот човек на „Твитер“ поднесе оставка


Дик Костело , главниот извршен директор поднесе оставка поради слаби берзански резултати.

Главниот извршен директор на социјалната мрежа „Твитер“ Дик Костоло поднесе оставка по речиси пет години на функцијата.dik-kostelo-500

Раководната функција времено ќе биде извршувана од Џек Дарси, еден од основачите на компанијата.

Оставката на 51-годишниот Костоло стапува во сила од 1 јули, а причините за одлуката не се објавени.

Акциите на „Твитер“ загубија речиси една третина од вредноста во последниот тримесечен извештај на компанијата од април, кога приходите не ги исполнија очекувањата на аналитичарите од Волстрит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1