Едвард Сотомајор Џуниор (34), Стенли Алмодовар (23), Хуан Рамо (22), Луис Омар Оказио Капо (20), Ерик Иван Ортиз Ривера (36), Кимберли Морис (37), Еди Џастос (30) и Луис Вијелма (22) се првите идентификувани жртви од педесетте убиени во клубот „Пулс“, во Орландо, кои ги уби Омар Матрин во крвавиот поход.Идентификувани се уште и Питер О. Гонзалес Круз (22), Дерил Роман Барт II (29), Деонка Дидерил Роман Барт II (29), Дионка Додра Дрејтн (32), Алехандро Бериоз Мартинез (21), Ентони Луис Лориенодисла (25), Жан Мендез Перес (35) и Френки Џими Дехесиус Веласкез (50).
Денеска се идентификувани и Аманда Алвијар (25), Мартин Бенитез Торес (33), Луис Даниј Вилсон Леон (37), Мерседес Марисол Флорес (26), Хавиер Емануел Серано Розадо (35) и Жилберто Роман Сола Мендез (25).
Мина Џастис, мајка на Еди Џастис, им раскажала на новинарите дека ја разбудила СДС од синот. Напиѓал дека човек пука во клубот и да повика полиција. Додал дека се сокрил во тоалетот, а потоа испратил уште една порака: „Доаѓа. Нѐ фати, внатре е со нас“.
-Тоа беа неговите последни зборови, раскажала мајката на Ели, еден обичен млад човек кој работел како сметководител.Едвард Сотомајор бил менаџер на туристичка агенција специјализирана за работа со хомосексуални двојки. Неговиот партнер бил надвор од клубот кога почнало пукањето, а Еди му испратил порака да не се враќа внатре и дека се сокрил во тоалетот. Дваесет минути подоцна му испратил порака дека е добро и тоа било сѐ.
Стенли Алмодовар бил аптекарски техничар, најмладото дете во семејството. Неговата мајка Розали Рамос (51), која боледува од рак, дошла да го псоети синот. На масата му оставила макарони со сирење и домати за да јаде кога ќе се врати.
-Се надевав дека е погоден во рака или во нога. Рана во нога се преживува, се тешела таа. „Но, Стенли бил погоден во градите, стомакот и во колкот.“
Хуан Рамон Гереро годинава им признал на родителите дека е геј. Студирал на Уноверзитетот во Централна Флорида.