Дваесет и двегодишниот Стефан Вилотијевиќ, припадник на кавчачкиот клан, му подлегнал на повредите во болницата во Виена, пренесе српски „Телеграф“. Стефан е братучед на познатата балканска ѕвезда Дара Бубамара, а вчера беше тешко ранет во вооружена престрелка пред познат ресторан во центарот на Виена.
Во престрелката беше убиен и Владимир Рогановиќ, исто така член на кавчачкиот клан.
Вистина е дека братучед ми е убиен. Тажна сум и во шок за ова што се случи. Прво ми го убија братот, сега и него, изјавила пејачката.