Прво не прегреаја, а сега не ладат – Скопјани мака мачат со парното


При крајот од грејната сезона потрошувачите на топлинска енергија се револтирани, бидејќи нивните домови речиси секојдневно се со млаки радијатори, а во вечерните часови остануваат и со ладни радијатори.

parnoТие велат дека лошото искуство продолжува и со новата енергетска компанија “Балкан енерџи груп”, која ја доби лиценцата за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија и како да тргна по стапките на претходната – скопска “Топлификација”.

Потрошувачите велат дека во јануари нивните станови биле одлично затоплени, но кога Регулаторната комисија за енергетика информирала дека парното од први март поевтинува за околу 14 %, останале со млаки радијатори. Според нив, не помина ни три месеци откога новата компанија почна со работа, а веќе на нејзина адреса има многу забелешки за нивните услуги.

Нејаснотии им и околу сметките, односно авансата сума како и сумата по поединечен мерач под неа – треба ли ова да се плаќа дополнително или не? Вечер се обидел да стапи во контакт со компанијата, но одговор не добиле.

Извор – Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1