Прво да се решат проблемите со џамиите во Прилеп и во Лажец и со звучноста на камбаните а потоа за новите какви што се случајот Октиси или звучноста на езанот на џамиите, услов е кој ИВЗ вчера и го постави на Валентина Божиновска, директорка на Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Ако се работи за случајот „Октиси“ или за звучноста на џамиите, тогаш не може да се бара решение за нови случаи, а да се избегнат веќе постојните, какви што се прашањата со џамиите во Прилеп и во Лажец и звучноста на камбаните – изјавија вчера во кабинетот на реис-ул-улема Реџепи.
– Исламски верници, иако им пречи звукот на камбаните, не го креваат гласот на револт од почит кон верата на другиот. Ако Божиновска бара да се врати стариот закон, тогаш ние ќе бараме да се врати стариот систем – потенцираат од ИВЗ.
Божиновска одговори
– Нема потреба една верска заедница да уценува ако ние претходно побаравме помош да се реши одреден проблем – нагласи таа.
Повеќе на – Дневник