Американската актерка и ѕвезда на серијата „Мелроус Плејс“, Ејми Локан проговори за затворските денови и проблемите со кои се сретнала.
Ејми во затвор се нашла поради сообраќајната несреќа која ја предизвикала, а во која загинало едно лице. Нејзиниот маж кој бил со неа во автомобилот, бил повреден. Актерката отслужила две ипол години затворска казна и затворот го напуштила во јуни 2015 година. Судијата минатата недела ја ослободи од понатамошно издржување на казната.
Меѓутоа нејзината агонија со тоа не се завршила. Само пет дена по излегувањето од затворот, нејзиниот сопруг поднел документи за развод. Денеска живее сама во Њу Џерси и се присетува на анонимните состаноци за алкохоличари.
Минатата недела го даде своето прво интервју после излегувањето од затвор во кое искрено говореше за тоа што и се случувало. Исто така истакна дека скоро сите пријатели и го свртеле грбот после несреќата која се случила.
„Престојот во затвор е нехуман. Тоа е како да сведочите на сопствената смрт. Луѓето прво ви испраќаат писма, но потоа целосно исчезнуваат како никогаш и да не постоеле во вашите животи. Секој пат после посетите на моите ќерки ме претресуваат од почеток, ме соблекуваа гола и морав да клечам и да кашлам“.
Инаку за вакво казнено дело, најмалата затворска казна изнесува пет години, па многумина беа огорчени од одлуката на судијата, кого го обвинија дека и попушта поради славата. Тој призна дека казната ја намалил поради нејзините болни ќерки на кои им е потребна.
Во меѓувреме, Локан истакна дека немала никакви бенефиции поради популарноста. Се туширала како што самата изјавува, заедно со 90 жени, а бидејќи се борела со депресијата, читала и им помагала на останатите затвореници со проблемите со алкохолизмот.
Иако веќе добила неколку актерски понуди, фокусирана е на борбата за старателство над децата.