Астрономи детектирале радио-сигнал во облик на краток, остар импулс, кој пристигнал од засега непознат извор, оддалечен 5,5 милијарди светлосни години.
Феноменот на тој сигнал моментно претставува огромна мистерија за научниците ширум светот, кои се обидуваат да ја објаснат необичната појава.
Сигналот трае само неколку милисекунди, а првиот импулс е регистриран уште во 2007 година, откако астрономите го истражиле архивот на телескопот „Паркс“ во Австралија.
Потеклото на сигналот не е познато, но се шпекулира дека би можело да станува збор за црна дупка која исчезнува, неутронска ѕвезда, па дури и за сигнал кои го произведуваат интелигентни суштества.
Неодамна биле детектирани шест нови импулси кои дошле надвор од нашата галаксија, а седмиот импулс е „фатен“ со помош на телескопот „Арекибо“ во Порторико.
– Ние сме први кои регистриравме сигнал во реално време. Импулсите секој пат пред нас беа пронајдени дополнително, всушност многу подоцна откако се случиле, изјави докторката Емили Петроф од Универзитетот во Свинбурн.