ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Секој ракометар на Катар добива по 100.000 евра од победа!


Секој ракометар во селекцијата на Катар, како и секој член на стручниот штаб инкасира 100.000 евра за остварена победа. Со оглед на тоа дека домаќинот забележа три победи, над Бразил, Чиле и Словенија, веќе имаат инкасирано по 300.000 евра на својата сметка.makedonija rakomet navivaci

Домаќинот на Светското првенство во ракомет – Катар, не штеди пари за премии на своите ракометари. Катарците, кои пред првенството донесоа многу ѕвезди во репрезентацијата, за секоја победа им даваат премија по 100.000 евра, јави спортскиот порталот „Екипа.мк“.

Согласно информациите до кои дојде овој потрал, секој ракометар во селекцијата на Катар, како и секој член на стручниот штаб инкасира 100.000 евра за остварена победа. Со оглед на тоа дека домаќинот забележа три победи, над Бразил, Чиле и Словенија, веќе имаат инкасирано по 300.000 евра на својата сметка.

Според бројот на ракометари и членови на стручниот штаб кој вкупно изнесува 22 лица, до сега  се потрошени 6.6 милиони евра. Доколку до крајот од групната фаза го задржат максималниот ефект и остварат уште две победи ќе инкасираат дополнително по 200.000 евра што би значело дека ќе поделат уште 4.4 милион евра, вкупно 11 милион евра за премии.

Курир.мк

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1