Не проветрувајте, децата, бремените жени и постарите да не излегуваат


Поради нарушениот квалитет на амбиентниот воздух и надминување на граничните вредности за честичките помали од 10 микрометри (РМ10), што е резултат на загадувањето на воздухот, но пред се на стабилната временска состојба карактеристична за Скопската котлина во зимски услови, Град Скопје порача дека прогласува мерки од прв степен, за спречување на загадувањето.

Градот изнесува повеќе препораки.vozduh chemestrials zagaden

– Граѓаните да бидат на отворен простор само кога е неопходно.

– Се препорачува на малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе) да не излегуваат на отворено.

– Се препорачува на граѓаните да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат:

– Се препорачува да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на чадот.

– Се препорачува да се одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и сл. со кои се загадува воздухот во просториите.

– Се апелира до сите граѓани да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да ги користат средствата за јавен превоз.

– Се препорачува за затоплување да не се користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси (отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали).

– Возачите на тешките товарни возила треба да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот. Сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови.

– Раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада.

Град Скопје ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки, со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1