Македонка меѓу десетте повредени во тешката сообраќајка кај Грделичка клисура


Валентина Стефановска од Куманово е повредена во големата сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Скопје-Белград, во Грделичката клисура, извести РТС.
 Predejane-540x432

Стефановска со тешки повреди е пренесена на лекување во болницата во Врање. Во нејзиниот автомобил удрил камион, а после тоа настана верижен судир.

Стефановска е една од десетте, од кои петмина потешко повредени.
Седум повредени се примени во Ургентниот центар во Лесковац, додека другите се транспортирани во Ниш.

Дежурниот лекар во болницата во Лесковац Томислав Грујевски рече дека за сега не се знае какви се повредите, зошто пациентите се испратени на снимање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1